Австалија бара работници по овие професии
Австралија е омилената дестинација на “балканците”, и за живот и за работа. Илјадници Македонци уште од претходниот век ја одбрале Австралија за нивно постојано место на живеење.
Во моментов во Австралија недостасуваат работници од голем број на професии, од кои многу се за луѓе со високо обрзование и се повеќе од три пати поплатени отколку во Македонија.
Секако, најдобро е да ги искористите вашите роднински или пријателски врски во Австралија за да ви помогнат во барањето на работа, но за тоа можете и сами да се информирате на различните сајтови за вработување.
Во Австралија секоја година се прави список на дефицитарни професии. Сојузниот министер за работа во соработка со сојузниот министер за економија ја создаваат листата и јавно ја објавуваат.
Дефицитарни професии: Градежен работник (3.000 евра); машински работник (3.000 евра); електро инженер (4.400 евра); машински техничар и теничар за обработка на метал (3.000 евра); медицинска сестра (1.600 евра); работник на конструкција (2.700 евра); лимар (1.800 евра); автомеханичар (2.500 евра)…
Платата ќе ја добивате во австралиски долари, но пресметано во евра ова е сумата која би ја добиле.

Comments
Post a Comment