Сите овие 10 години, но особено сега откако веќе ВМРО ДПМНЕ не е на власт слушам приказни и лични сведоштва за лудоста на екс шефот на ДБК, Сашо Мијалков, од кои навистина ми се крева косата на главата и зборува за забеганоста на минатиот режим. Решив да ги споделам со вас овие приказни, кои засега се само лични сведоштва на луѓе директно инволвирани, пред се жртви на моќта и незгодниот карактер на екс шефот на тајните служби. 1. Случка прва: Сашо Мијалков нема платено сметка во ниту еден ресторан, дискотека, хотел, продавница итн ширум цела Македонија!!! Исклучок од правилото е ресторанот Воденица каде тој има набилдано сметка од пола милион евра која ја платило ДБК!!! Значи серија на ресторани и дискотеки буквално банкротирано затоа што тој ќе седнел на маса со свои пријатели, бодигарди, швалерки, отворале скапи коњаци, вина, шампањи, јаделе скапи јадења со часови и потоа само си заминувале, со тоа илјадници евра загуби биле креирани на повеќето угостителски објекти во зем...