Добила казна за брзо возење во Полска, па се изненадила кога дознала кој го возел автомобилот
На една жена од Германија не ѝ било јасно како добила казна за пречекорување на брзината во Полска, бидејќи таа никогаш ни не била таму, но потоа се сетила дека автомобилот тогаш ѝ бил на поправка кај автомеханичар.
Германскиот автомеханичар одлучил да го провери квалилетот на своето работење на возилото со возење до Полска и назад, па заработил и парична казна.
Неговото објаснување било дека секогаш прави тест-возење по поправка на некое возило, но судот во Хановер не го прифатил тоа и го казнил со 1000 евра казна.
Сопственичката на возилото дознала за необичното возење кога од Полска пристигнала преку пошта казната за пречекорување на брзината на возење.
Таа, судејќи според фотографиите не направила никаков прекршок, но нејзиниот автомобил да.

Comments
Post a Comment