Директор ги терал вработените да му работат на викендичката
Директор ги терал вработените да му работат на викендичката
Во временскиот период од 2015 до 2017 година, првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички.
На овој начин, по основ на исплатени бруто плати за ангажираните работници, го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за 234.281 денари.

Comments
Post a Comment